Јапонски јен

Јен (ISO 4217: JPY, бројчен код: 392) е валута што се користи во Јапонија. Таа е широко распространета како резервна валута, слично на доларот и еврото. На јапонски се изговара како „ен“. Латиничниот симбол за јенот е ¥, додека на јапонски се означува со писмото канџи 円.

Јапонски јен
日本円
Испечатена банкнота од 2000 јени6-те видови монети на јапонскиот јен
ISO 4217
КодJPY
Број392
Показател0
Составници
Подединица
 1/100сен
 1/1000рин
Симбол¥
Банкноти
 Чести¥1000, ¥5000, ¥10 000
 Ретки¥2000
Монети¥1, ¥5, ¥10, ¥50, ¥100, ¥500
Демографија
Воведенајули 1871
Корисник/ци Јапонија
Издавач
Централна банкаБанка на Јапонија
 Мреж. местоboj.or.jp
ПечатарНационално биро за печатење
 Мреж. местоnpb.go.jp
КовачницаЈапонска ковачница
 Мреж. местоmint.go.jp
Вредност
Инфлација0.5% (2019)
 ИзворЗаводот за статистика и генералниот директор за планирање политики, 2010 Feb. est.

Историја

1 јен 1889 година, цар Муцухито. Сребро.
Монета од 10 јени (задна страна)
Банкнота од 1000 јени со портретот на Нацуме Сосеки. Новите банкноти на јенот во промет се ставени на 1 ноември 2004 година

Јенот како платежно средство е воведен во периодот Мејџи[1]. Тој го заменил комплексниот монетарен систем од Едо периодот заснован на јапонскиот мон. Во 1871 год. било прифатен децималнен систем на пресметување на јенот (1, 圓), шенот (1/100, 錢), и ринот (1/1000, 厘) со монети што биле тркалезни како оние на запад. (“Шен“ и “рин“ се исфрлени од употреба во 1954 година). Јенот официјално е дефиниран како 26.956 грама сребро.

Во периодот од 25 април 1949 до 1971 година јенот бил врзан за американскиот долар, со курс 1 долар = 360 јени. Во 1971 година дошло до паѓање на системот Бретон Вуд и јенот добил пазарен курс.

Означување

Оригиналната ознака за јенот е иста како и ознаката на кинескиот јуан (圓 пинјин yuan 2). Во модерниот јапонски јазик се употребува ознаката (円). Латиничната ознака за јенот е иста како и ознаката за јуанот, со таа разлика што на ознаката за јуан се наоѓа една попречна црта, а на ознаката за јен има две.

Во буквален превод “јен“ значи „тркалезен предмет“, како и “јуан“ на кинески.

Монети и банкноти

Во моментот во оптек се следните монети и банкноти: монети од 1 јен, 5 јени, 10 јени, 50 јени, 100 јени, 500 јени и хартиени пари од 1000 јени, 2000 јени, 5000 јени, 10000 јени. Монетата од 500 јени е монета со најголема вредност во светот.

Курс на јенот од 1949 година до денес

Табелаtа го прикажува односот на јенот и американскиот долар.

годинамесец
јанфевмарапрмајјунјулавгсепоктноедек
1949 до 1971360
1985216
1986154
1987147
1988132
1989140
1990137
1991129
1992120
1993106
1994100
1995100
1996112
2003118119120117110109107
2004107106109104110110109111109

Наводи