Ѓорѓи Христов (фудбалер)

Ѓорѓи Христов (30 јануари 1976, Битола, Македонија) — македонски поранешен фудбалер и тренер.

Ѓорѓи Христов
Лични податоци
Роден на30 јануари 1976(1976-01-30)(48 г.)
Роден воБитола, СР Македонија, СФРЈ
Висина&100000000000001820000001,82 м
ПозицијаНапаѓач
Младинска кариера
1991-1994Пелистер
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1992–1994Пелистер34(11)
1994–1997Партизан61(21)
1997–2000Барнсли45(8)
2000–2003Нејмехен55(18)
2003–2004Зволе13(4)
2005Данфермлин Атлетик8(0)
2005Дебрецен2(0)
2006Хапоел Назарет7(3)
2006Ники Волос6(0)
2007Олимпијакос Никозија6(0)
2007–2008Ден Бош27(8)
2008-2009Баку15(9)
2009-2010Јуваскула9(1)
Репрезентација
1995–2005Македонија48(16)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Играчка кариера

Младинска клупска кариера

Роден во Битола, Христов започнал со неговиот роден клуб Пелистер односно во неговиоте младински категории. Таму бил забележан од Цане Грбевски.[1]

Сениорска клупска кариера

На 16 години, Христов започнал да настапува во првиот состав на Пелистер, пред да премине во Партизан во 1994 година.[1] Следните три сезони ги поминал во црно-белите, победувајќи едноподруго првенства во 1995/96 и 1996/97. Во јуни 1997 година, Христов бил продаден на англискиот клуб Барнсли за сума од £ 1,5 милиони.[2][3] Тој постигнал 8 лигашки голови во неговата дебитантска сезона со клубот, но клубот претрпел испаѓање од Премиер лигата.[4] Во следните две години, Христов пропуштил многу натпревари поради повреда на коленото, пред на крајот да го напушти клубот во 2000 година. Тој потоа се приклучил на холандскиот клуб Нејмехен.[1][5] Тој се преселил во Ередивисискиот клуб Зволе во летото 2003 година.[6][1]

Потоа играл за шкотски Данфермлин Атлетик, унгарски Дебрецен, израелски Хапоел Назарет, грчки Ники Волос (играл само пријателски натпревари),[7] кипарски Олимпијакос Никозија, холандски Ден Бош и азербејџански Баку[1] Тој има играно на пријателски натпревари и со Рапид Виена.[7] Христов во февруари потпишал за Вардар. Таму не останал долго и во јули се преселил во финска Јуваскила.[1][8]

Меѓународна кариера

Христов одиграл 48 натпревари за Македонија, постигнувајќи гол на своето деби во ремито 2–2 против Ерменија на 10 мај 1995 година.[1] На 9 ноември 1996 година, Христов и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Ѓорѓи Христов бил во почетната единаесетка и постигнал гол во 23. минута.[9][10] На 2 април 1997 година, при победата од 3:2 против Ирска, во Скопје, Христов постигнал 2 гола.[1] Тој постигнал вкупно 16 гола за репрезентацијата, со што е втор стрелец во историјата на македонскиот фудбал, само зад Горан Пандев. Неговиот последен меѓународен натпревар бил во март 2005 година при квалификациита за Светското првенство 2006, против Холандија.[11]

Тренерска и стручна кариера

На 4 октомври 2011 година, Христов ја презел тренерската позиција во Металург,[12] иако, поради немањето професионална тренерска лиценца, формално како тренер на клубот бил воден Александар Влахо. Меѓутоа, по поразот од Шкендија од 1:5 во реваншот од четврт-финалето на Купот на Македонија, во ноември 2012 година, Христов си поднесол оставка.[13]

На 18 јуни 2018 година, Ѓорѓи Христов станал директор на академијата на Вардар.[14]

Согласно 15 јануари 2022 година, Христов е во стручниот штаб на ФК Парк Сити.[15]

Наводи

Надворешни врски