Тоскански Архипелаг

Тосканскиот архипелаг е ланец од острови меѓу Лигурско и Тиренско Море, западно од италијанскиот град Тоскана. Поради близината на овие острови до неколку големи градови тие се омилено туристичко место.

Тоскански Архипелаг
Познат и како Arcipelago toscano
Елба, најголемиот остров во Тосканскиот Архипелаг
Карта на Тоскански Архипелаг
Географија
Местомеѓу Лигурско Море и Тиренско Море
АрхипелагТоскански Архипелаг
Вкупно острови7
Поголеми островиЕлба
Пианоза
Капраја
Монтекристо
Џиљо
Горгона
Џанутри
Површина295 км2
Највисоко издигнување1,018 м
Највисока точкаМонте Капане
Управување
РегионТоскана
ПокраинаЛиворно, Гросето
Најголема населбаПортоферајо (pop. 12,007)
Демографија
Население34,389
Густина108 /km2 (280 /sq mi)

Според легендите архипелагот настанал од ѓерданот кој Венера, римската божица на убавината и сензуалноста, го изгубила додека излегувала од Тиренско Море. Седумте острови ги претставувват седумте бисери кои божицата не можела да ги земе.[1]

Географија

Тосканскиот архипелаг се наоѓа помеѓу Корзика и тосканскиот брег и во негов склоп влегуваат седум големи острови (Капраја, Елба, Џанутри, Џиљо, Горгона, Монтекристо и Пијаноса); сите острови се под заштита како дел од Националниот парк Тоскански Архипелаг. Вкупната должина на архипелагот од најсеверниот остров (Горгона) до најјужниот (Џанутри) изнесува 166 км, а неговата ширина од најзападниот остров (Капраја) до тосканскиот брег е 56 км.

Поголеми острови (од север кон југ):

ОстровПовршина
во км2
Број на жители
(1 јануари 2016) [2]
Растојание од
континентална Италија
Горгона2.2322034,4 км
Капраја19.3041552,2 км
Елба223,532.2909,3 км
Пијаноза10.251049,1 км
Џиљо21.211.44214,35 км
Монтекристо10.39263 км
Џанутри2.601011,7 км
Други3.340
Вкупно:292,8234.389

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски