Ефимија (месечина)

месечина на Јупитер

Ефимија {или Евфема; Јупитер LX, првично наречена S/2003 J 3 — надворешна месечина на Јупитер со пречник од 2 км.

Ефимија
Ефимија во февруари 2003 г.
Откривање
ОткривачСкот Шепард
Откриено2003
Ознаки
Наречена по
Ефимија
S/2003 J 3
Орбитални особености [2]
21.199.710 км
Занесеност0,253
−628,06 дена[1]
168,7°
Наклон148,0°
292,0°
109,0°
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден пречник
2 км
23,4

Откривање

Откриена е од екипа во 2003 г. астрономи на Хавајскиот универзитет под водство на Скот Шепард.[3][4] Месечината се изгубила по откривањето во 2003 г.[5][6][7][8] и повторно забележана во 2017 г. по што ѝ била дадена трајна ознака.[9]

Име

Месечината го добила сегашното име во 2019 г. по битието Ефимија од старогрчката митологија, кое е дух на добрите предзнаци, пофалбата, одобрението, победничките извици и ракоплескањето, ќерка на Хефест и Аглаја, внука на Зевс.[10] Предлогот е даден на Твитер, во конкурс приреден од Карнегиевиот институт, на кој е усвоено и името на месечината Филофросина.[11][12]

Орбита

Ефимија кружи околу Јупитер на просечно растојание од 19.6 Гм и прави едно свртување за 628,06 дена. Има наклон од 146° кон еклиптиката (146° кон Јупитеровиот екватор) и оди во повратна насока со занесеност од 0,2507. Ѝ припаѓа на Ананкината група на повратни неправилни месечини кои кружат околу Јупитер на оддалеченост од 19,3 до 22,7 Гм со наклон од околу 150°.

Наводи