阴金牛年 (женско железо-вол) 1368 или 987 или 215 — до — 阳水虎年 (машка вода-тигар) 1369 или 988 или 216
1242 (MCCXLII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1242 година од новата ера, 242. од вториот милениум, 42. од XIII век и трета од 1240-тите.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6750 и 6751 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5992 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5002 и 5003 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1995.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1242 година се протега во 3878 и 3879, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3938 и 3939 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1785. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 639 и 640 исламска година.
Еден француски златар кој работел во Будимпешта е заробен и однесен во Каракорум.
Златна Була е издадена од кралот Бела IV Унгарски на жителите на Градец (дел од денешен Загреб, главниот град на Хрватска) за време на монголската инвазија на Европа. Со овој едикт, кралот Бела IV го прогласи Градец за кралски слободен град.[