Црквичка — археолошко наоѓалиште во Ново Коњарево, Општина Ново Село.
Претставува населба од доцноантичкото и среедновековно време. На 1,5 км северно од селото, на едно поголемо обработливо земјиште се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На северниот крај на наоѓалиштето има понагласена концентрација на средновековна керамика[1].