Тосканскиот архипелаг е ланец од острови меѓу Лигурско и Тиренско Море, западно од италијанскиот град Тоскана. Поради близината на овие острови до неколку големи градови тие се омилено туристичко место.
Според легендите архипелагот настанал од ѓерданот кој Венера, римската божица на убавината и сензуалноста, го изгубила додека излегувала од Тиренско Море. Седумте острови ги претставувват седумте бисери кои божицата не можела да ги земе.[1]
Тосканскиот архипелаг се наоѓа помеѓу Корзика и тосканскиот брег и во негов склоп влегуваат седум големи острови (Капраја, Елба, Џанутри, Џиљо, Горгона, Монтекристо и Пијаноса); сите острови се под заштита како дел од Националниот парк Тоскански Архипелаг. Вкупната должина на архипелагот од најсеверниот остров (Горгона) до најјужниот (Џанутри) изнесува 166 км, а неговата ширина од најзападниот остров (Капраја) до тосканскиот брег е 56 км.