СПАЛ е основан во 1907 година. Моментално ја игра својата 22-ра сезона во најсилната лига на Италија, а најдобриот пласман им е 5-тото место во сезоната 1959-1960. Во сезоната 2016-2017 клубот го освоил првото место во Серија Б, со што избориле директна промоција во Серија А за првпат од сезоната 1967-1968.
Својте домашни натпревари СПАЛ ги игра на Стадионот Паоло Маца кој има капацитет од 13,020 седечки места, а името го добил по некогашниот претседател на клубот Паоло Маца (во периодот 1946-1977).