Роглич на Тур де Франс 2018 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Примож Роглич | ||||||||||||||
Роден | 29 октомври 1989(1989-10-29) (34 г.) Трбовље, Југославија | ||||||||||||||
Висина | 1,77 м | ||||||||||||||
Маса | 65 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | Џамбо-Висма | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 2 јануари 2020 |
Примож Роглич (словенечки: Primož Roglič; р. 29 октомври 1989) — словенечки професионален друмски велосипедист и поранешен скијачки скокач, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1] Роглич ја започнал кариерата како скијачки скокач, но подоцна се префрлил во велосипедизмот.
На Тур де Франс 2017, Роглич станал прв Словенец кој освоил етапа на Тур де Франс. Во септември 2019 година, Роглич ја освоил Вуелта а Еспања, станувајќи прв Словенец кој освоил некоја голема трка.[2]
Роглич е поранешен скијачки скокач, каде настапувал од 2003 до 2011 година и бил светски јуниорски првак во 2007 година.[3] Негов најдобар личен резултат бил на 183 метри на скокалницата Хајни-Клопфер во Оберстдорф, Германија во 2011 година. Имал тежок пад пред домашната публика во 2007 година на скокалницата Горишек во Планица, Словенија.[4][5]
Роглич започнал со велосипедизам во 2012 година, откако се повлекол од скијачките скокови, бидејќи не се чувствувал дека може да биде на највисокото ниво на спортот. Роглич брзо стигнал до платените нивоа со континенталната екипа Адрија Мобил во сезоната 2013. По три сезони со екипата и успешната сезона 2015, вклучувајќи ја и победата на Трката околу Словенија 2015, добил договор со Лото НЛ-Џамбо за следната сезона.[6]
Во својата прва година во Светската турнеја, Роглич го покажал својот талент веднаш со петтото место на португалската трка Волта ао Алгарве. Само еден месец подоцна завршил втор на седмата етапа на Волта а Каталуња, каде бил поразен во спринтот од Алексеј Цатевич. Настапил на Џиро д’Италија 2016,[7] каде изненадил со второто место на воведниот хронометар во Апелдорн, при што доцнел само една стотинка зад победникот Том Димулен.[8] Ја освоил деветатта етапа, поединечниот хронометар во Кјанти во должина од 40,5 километри. Ова било изненадување за многумина бидејќи Роглич морал да го користи резервниот велосипед бидејќи неговиот велосипед не ги исполнувал условите на UCI. Само две недели по завршување на Џиро д’Италија, Роглич го освоил националното хронометарско првенство. Во 2016 година завршил десетти на хронометар на Летните олимписки игри 2016.
Во сезоната 2017, Роглич започнал со победа на трката Волта ао Алгарве. Еден месец подоцна завршил на четвртото место на Тирено-Адријатико. На Трката околу Баскија, Роглич освоил две етапи, четвртата и шестата етапа, која била поединечен хронометар. Не само што освоил две етапи, туку и завршил петти на трката. Не му требало долго да дојде до друга победа. На крајот на април, Роглич учествувал на Тур де Романди, каде го освоил поединечниот хронометар на петтата етапа. Поради тоа, завршил на третото место на трката. Негова последна подготвителна трка за Тур де Франс била Стер ЗЛМ Тур, каде го освоил прологот и завршил втор.
Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[9] Ја освоил седумнаесеттата етапа на трката[10] со што станал првиот Словенец кој освоил етапа на Тур де Франс. Исто така, освоил доволно бодови да заврши втор во планинскиот пласман. Го освоил сребрениот медал на хронометарот на Светското друмско првенство.[11]
Сезоната 2018 го покажала потенцијалот на Роглич на етапните и големите трки. Успеал да ги освои следниве трки: Трката околу Баскија, Тур де Романди и Трката околу Словенија. Во текот на првите етапи на Тур де Франс 2018, Роглич успеал да ги избегне падовите и механичките проблеми како многумина други фаворити, со што го ставило во можност да се трка со фаворитите како Герајнт Томас, Том Димулен, Крис Фрум, Наиро Кинтана и Ричи Порт. Успеал да се задржува со нив на планинските етапи, одговарајќи скоро на секој напад. По нападот на спуст ја освоил деветнаесеттата етапа на Тур де Франс и се нашол на место за подиум,. На крајот завршил на импресивното четврто место.
Ја освоил трката Тирено-Адријатико 2019, како и Тур де Романди 2019 и бил еден од фаворитите пред трката на Џиро д’Италија 2019. Таму, завршил на третото место, носејќи ја розовата маичка шест етапи, освојувајќи две етапи, обете поединечни хронометри.
Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[12] На поединечниот хронометар на етапата 10 бил втор во генералниот пласман на само шест секунди зад Наиро Кинтана, 11 секунди пред Мигел Анхел Лопес и 14 секунди пред Алехандро Валверде. Роглич го освоил хронометарот со добра разлика пред неговите соперници и по таа етапа го преземал водството во генералниот пласман со скоро две минути пред Валверде, над две минути пред Лопес и точно 3 минути со Кинтана. Црвената маичка не била доведена во прашање во остатокот од трката, бидејќи Роглич преовладувал на планинските етапи, одговарајќи на секој напад и само добивал повеќе време како трката одела кон крајот.
Успешната сезона била крунисана со победи на две класични трки во октомври; Џиро дел’Емилија, која му била прва победа меѓу класиците[13] и Тре Вали Варезине.
Распоред на резултатите на големите трки | ||||||||
Голема трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 58 | — | — | 3 | — | — | — | |
Тур | — | 38 | 4 | — | 2 | DNF | DNF | |
Вуелта | — | — | — | 1 | 1 | 1 | DNF | |
Распоред на резултатите на етапните трки | ||||||||
Етапна трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | 2023 |
Париз-Ница | — | — | — | — | — | 15 | 1 | — |
Тирено-Адријатико | 52 | 4 | 29 | 1 | — | — | — | 1 |
Волта а Каталуња | 44 | — | — | — | — | — | — | |
Трка околу Баскија | — | 5 | 1 | — | — | 1 | 8 | |
Тур де Романди | — | 3 | 1 | 1 | — | — | — | |
Критериум ди Дофине | — | — | — | — | DNF | — | 1 | |
Тур де Свис | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
|