Обична жолта гулапка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Обична |
Вид: | Обична жолта гулапка |
Научен назив | |
Обична жолта гулапка Fr. (1838) | |
Синоними | |
|
Обична жолта гулапка | |
---|---|
Научна класификација ![]() | |
Царство: | Fungi |
Колено: | Basidiomycota |
Класа: | Agaricomycetes |
Ред: | Russulales |
Семејство: | Russulaceae |
Род: | Russula |
Вид: | R. ochroleuca |
Биномен назив | |
Russula ochroleuca Fr. (1838) | |
Синоними | |
|
Обична жолта гулапка Миколошки одлики | |
---|---|
жабри на химениум | |
шапката е конвексна | |
![]() ![]() | химениумот е слободен или дополнет |
дршката е гола | |
отпечатокот на спори е бледо окер | |
екологијата во микориза | |
јадливост: за јадење, но непријатно |
Обична жолта гулапка (латински; Russula ochroleuca) е припадник на родот Гулапка. Веќе неколку години е општо познатa како обична жолта гулапка, а подоцна и окер кршлива гулапка. Распространета е и честа се појавува во мешаните шуми.
Обичната жолта гулапка првпат била забележана и именувана како вид на Шампињон од страна на пионерскиот јужноафрикански миколог Кристијан Хендрик Персон во 1801 година.
Шапката е жолта како жолчка на јајце со димензии од 5-12 см широка, првично конвексна, подоцна рамна или малку вдлабнато. Маргините на шапката стануваат избраздени кога созрева и кожичката се лупи до две третини. Кожичката е малку леплива, и често и се лепат лисја и други остатоци кога е влажно. Жабрите се бели до сивкасто бели, и се аднексирани.[1] Дршката е висока од 3- 7 см , 1-2 см дебела, цилиндрична, бела или подоцна сивкава. Вкусот е благ до умерено зачинет. Нејзините жабри се бледо окер и се прикачени на дршката речиси слободно. Сите делови на габата стануваат темно сиви при стареење или помодруваат.
Мирисот е овошен, отпечатокот на спорите е бледо окер, а овалните брадавички спори се просечни 9,5 x 8 микрометри.[2].Јадливата, но остра Russula ochroleuca наликува на овој вид, но има поматна жолта капа.[3]
Може да се помеша со Гулапката Russula claroflava која има сличен изглед но многу подобар вкус.
Обична жолта гулапка расте во листопадни и четинарни шуми, каде што (барем во северозападна Европа) е многу честа појава. Прилично честа појава кај четинарите, под бреза и јасика во северните држави.[4]
Иако се смета дека е јадлива, не е позната како особено вкусна. Лесно е до умерено лута.