Како северна граница на Корејскиот Полуостров се смета границата на Северна Кореја со нејзините северни соседи: Кина (1.416 км) и Русија (19 км). Овие граници се впрочем природни, образувани од реките Јалу (Амнок) и Тумен. Според ова, Корејскиот Полуостров (вклучувајќи ги околните острови) зафаќа површина од 220.847 км2.
Во ДР Кореја, полуостровот се нарекува „Чосон Пандо“, додека во Р. Кореја името му е „Хан Бандо“.