Илјада деветстотини осумдесет и четврта (англиски: Nineteen Eighty-Four), насловен и како 1984 — роман напишан од англискиот писател Џорџ Орвел, објавен во 1949. Романот дава слика на замислената иднина и го опишува животот на Винстон Смит, во хипотетичката иднина, во 1984 година. Станува збор за дистописки роман, во кој се опишува светското уредување во иднината. Имено, дејството се одвива во денешна Англија (во книгата дел од Океанија) за време на диктатурата на „партијата“ на „Големиот брат“.[1]
Романот станал многу познат и некој изрази се користат во говорот дури и денес. На пример, познатиот израз „Големиот брат те гледа“ влече корени токму од овој роман.[2] Врз основа на романот, во 1984 година бил снимен истоимениот филм, во режија на Мајкл Радфорд.[3]