Ерјон Тола
- Страница
- Разговор
Ерјон Тола (роден на 15 декември 1986 година) - албански скијач во алпско скијање, кој ја претставувал Албанија на Зимските олимписки игри 2006,[1] 2010, 2014 и 2018 година.[2]
Тола е роден во Тирана во 1986 година. Тој бил рангиран на последното место меѓу оние кои го завршија машкиот супер-Г, но завршил на 35. место во велеслалом во машка конкуренција.[1] Тола завршил на 48. место во слалом во машка конкуренција[3] и 63. во машки велеслалом на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер. Тој тренира во Италија и живее во Червинија од 1992 година.[4]
Во 2018 година тој и Суела Мехили ја претставувале Албанија на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја. Тоа биле негови четврти и нејзини втори олимписки игри.[5]