Со површина од 21.766 км2, ова е најголемата покраина во Шпанија.[1] и е поретко населена од другите покраини.[2] Според пописот од 2010 г., населението брои 692.137 жители. Главен град е Бадахос.[2]
Подрачјето на покраината уживало просперитет за време на Римското Царство кога Мерида била меѓу главните центри во Хиспанија. Со завршувањето на визиготскиот период и навлегувањето на Маврите, династијата Ибн ел-Афатас во Бадахос воспоставила значаен културен и научен центар. Многу од морепловците кои го освојувале Новиот Свет биле од оваа покраина.[2]
Иако има повеќе делови на Бадахос со пониски ридски венци, површината е претежно пуста, со еднолични рамни или благо накосени предели. Најважна река е Гвадијана, која го пресекува северот на покраината во превец исток-запад и има голем број притоки; сепак, реката е полноводна само во некои делови од годината, па затоа често може да се преминува без пловило. Климата е континентална, со мошне топли лета и студени зими и силни западни и северозападни ветришта на рамнините. Растителноста е типично средоземна.[1]
Значајни знаменитости во Мерида се римскиот театар, Националниот музеј на римска уметност и тврдината (алкасаба). Во Бадахос, од значење се градската тврдина и споменикот на Ибн Мерван[1].