Артур Вишо (2015) | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Артур Вишо | ||
Роден | 26 ноември 1988(1988-11-26) (35 г.) Коломбје Фонтен, ![]() | ||
Висина | 1,83 м | ||
Маса | 70 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Б&Б Хотелс п/б КТМ | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Аматерски клубови | |||
2008–2009 | ЦР4Ц Роан | ||
Професионални клубови | |||
2010–2018 2019- | Франсес де же Витал Консепт-Б&Б Хотелс | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 21 јануари 2019 |
Артур Вишо (француски: Arthur Vichot; р. 26 ноември 1988 во Коломбје-Фонтен) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Б&Б Хотелс п/б КТМ.
Тој е внук на Фредерик Вишо, кој освоил етапи на Тур де Франс во 1984 и 1985.
Постои традиција на Тур Даун Андер обожавателите да изберат еден непознат возач и да му обрнуваат внимание како на светска ѕвезда, со пратење по хотели и испишувајќи го неговото име на патот. Возачот мора да биде странец од земјите надвор од англиското говорно подрачје, кој најверојатно нема да добие старт на некоја голема трка и едноставно ова за него ќе претставува вистински почеток на кариерата. Во 2010, на неговата прва професионална трка, бил избран Артур Вишо.
Ја започнал сезоната 2011 со освојување на петтото место на Гран при д’Увертур ла Марселеза. Следниот месец заминал на победа во Букл ду Суд Ардеш и бил избран да вози на Париз-Ница.[1] Го следела лоша среќа на трката и доживеал силен пад, спречувајќи го од настап на арденските класици. Бил избран да вози за екипата на Тур де Франс 2011.[2] Ја завршил трката како 104. откако ја одиграл улогата како помошник. Во септември постигнал соло победа близу неговиот дом на Тур ду Дуа.[3] Исто така завршил во првите десет на Гранд при Монтреал, завршувајќи како осми.[4]
Во 2012, Вишо ја остварил најголемата победа во неговата кариера на петтата етапа на Критериум ду Дофине, планинска етапа која ги водела возачите низ Кол де ла Коломбјер. Бил дел од бегството кое се создало на почетокот на трката и опстојало до крајот. На 6 километри пред крајот, Вишо се оддалечил од останатите во водечката група, заработувајќи ја својата прва победа.[5]
Во 2013 и во 2016, Вишо го освоил националното друмско првенство, а со тоа го добил правото да ја носи трибојната маичка на Тур де Франс.
Голема трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
![]() | — | 103 | 94 | 66 | СО | — | 78 | СО | 41 |
![]() | СО | — | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал