Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.318 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Rated R — четвртиот студиски албум на бахамската Р&Б и поп пејачка Ријана, издаден на 20 ноември 2009. Првата песна од албумот е „Russian Roulette“, напишана е од страна на Не-Јо и самата Ријана. Песната била издадена на 20 октомври 2009. Албумот се има продадено во 181.442 примероци во првата седмица по неговото издавање во САД, што претставува најпродавана седмица на некој албум на Ријана. Ова е првиот албум на Ријана со предупредувачки наслов, а за кој бил потребен родителски надзор. Сепак, во Велика Британија била издадена верзија без предупредуање за родителски надзор. Од своето издавање, албумот добил златно признание во Велика Британија и Австралија.

Во февруари 2009, Ријана била на листата на изведувачи на 51. Греми награди, но нејзиниот настап бил одложен. Таа беила натепана од страна на нејзиниот поранешен приватен партнер, Р&Б изведувачот Крис Браун кој бил притворен поради тоа и осуден. Фотографија од Ријана по овој немил настан излегла во сите списанија и на сите интернет-страници преку TMZ.com. Подоцна во 2009 година, таа се вратила на музичата сцена со песната „Run This Town“, која ја извела со хип хоп изведувачите Џеј-Зи и Кејни Вест. Песната станала доста успешна во Северна Америка и Европа. По оваа песна, таа продолжила со снимањето на нови песни, односно со создавањето на нејзиниот нов албум Rated R. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Француската аеробатска патрола на аеромитинг во Радом, Полска.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Статуа на Ниоба во галеријата „Уфици“, Фиренца
Статуа на Ниоба во галеријата „Уфици“, Фиренца
На денешен ден…

Денес е 14 јули 2024 г.

Настани:

1469 Изградена џамијата „Кебир Мехмед Челеби“ во Скопје и наречена по нејзиниот ктитор, син на Исхак-бег и внук на завојувачот на градот, Јигит-паша.
1789 Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција.
1867 Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за првпат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум — динамитот.
1933 Националсоцијалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии.
1999 17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот.
2006 Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен водач на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години.

Родени:

1743 Гаврила Романович Державинруски класицистички поет.
1801 Јоханес Петер Милер — германски физиолог, анатом, ихтиолог и херпетолог.
1817 Мадам де Сталфранцуска писателка, основоположник на францускиот романтизам.
1862 Густав Климтавстриски сликар-симболист.
1904 Исак Башевис Сингерамерикански писател и Нобелов лауреат.
1910 Вилијам Хана — американски аниматор, продуцент и режисер на цртани филмови.
1918 Ингмар Бергманшведски филмски и театарски режисер и сценарист.
1919 Лино Вентура — италијанско-француски глумец.
1942 Хавиер Соланашпански политичар.
1945 Владимир Светиев — македонски глумец.
1946 Кирил Дојчиновски — македонски и југословенски фудбалер.
1966 Тања Донели — американска рок-музичарка.
1971 Хауард Веб — англиски фудбалски судија.
1985 Јанко Божовиќ — австриски ракометар.
1990 Џејмс Нанали — американски кошаркар.
1995 Серж Гнабри — германски фудбалер.
1997 Џенгиз Унгер — турски фудбалер.

Починале:

1223 Филип II Августфранцуски крал.
1887 Алфред Круп — германски индустријалец и производител на оружје.
1939 Алфонс Муха — чешки сликар и илустратор, основоположник на стилот арт нуво.
1944 Благој Јанков - Мучетонароден херој на Македонија.
1968 Константин Паустовски — руски и советски писател.
1971 Мак Диздар — босански и југословенски поет.
1998 Ричард Мекдоналд — основач на најголемиот ланец на ресторани во светот — „Мекдоналдс“.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич