Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.127 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Борис Сарафов (1872–1907) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.

По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета. Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.

Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург. Тој ги помага и солунските гемиџии.

Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Јавање на бран во Паеја на Тахити, Француска Полинезија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Гагаузи
Гагаузи
На денешен ден…

Денес е 30 јуни 2024 г.

Настани:

1905 Алберт Ајнштајн го издава своето дело За електродинамиката на движечките тела во кое ја предложува специјалната теорија на релативноста.
1908 Во Сибир, во областа Тунгузија се случува познатата Тунгуска експлозија со јачина 1000 пати поголема од атомските бомби фрлени врз Јапонија.
1934 Ноќта на долгите ножеви“ - започнува насилното елиминирање на политичките соперници на Адолф Хитлер во Германија.
2002 Бразил ја освојува својата петта светска фудбалска титула.

Родени:

1470 Шарл VIII — француски крал.
1685 Доминикус Цимерман — германски рококо архитект.
1879 Димитар Попов — бугарски револуционер.
1906 Ентони Ман — американски филмски глумец и режисер.
1911 Чеслав Милош — полски писател.
1931 Ендрју Хил — американски џез-музичар.
1933 Томислав Ивиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1938 Мирко Новосел — хрватски и југословенски кошаркарски тренер.
1939 Павле Кузмановски — македонски академски сликар.
1959 Мирза Капетановиќ — босански и југословенски фудбалер.
1963 Ингви Малмстиншведски гитарист, композитор и еден од пионерите на жанрот на нео-класичниот метал.
1966 Мајк Тајсонамерикански боксер.
1970 Елизабета Канческа Милевска — министер за култура на Македонија.
1975 Ралф Шумахер — германски Формула 1 возач.
1979 Силвен Шаванел — француски велосипедист.
1983 Маркус Бургхарт — германски велосипедист.
1983 Шерил — англиска пејачка.
1985 Мајкл Фелпсамерикански пливач.
1990 Јака Блажич — словенечки кошаркар.
1990 Душан Лајовиќ — српски тенисер.

Починале:

1579 Мехмед-паша Соколовиќосманлиски државник.
1938 Милан Ракиќ — српски поет.
1953 Чарлс Вилијам Милер — неофицијалниот татко на фудбалот во Бразил.
1961 Ли ди Форест — американски пронаоѓач.
2001 Џо Хендерсон — американски џез-музичар.
2002 Николај Хајтов — бугарски писател.
2023 Вахидин Мусемиќ — босански и југословенски фудбалер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич