Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.251 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Rated R — четвртиот студиски албум на бахамската Р&Б и поп пејачка Ријана, издаден на 20 ноември 2009. Првата песна од албумот е „Russian Roulette“, напишана е од страна на Не-Јо и самата Ријана. Песната била издадена на 20 октомври 2009. Албумот се има продадено во 181.442 примероци во првата седмица по неговото издавање во САД, што претставува најпродавана седмица на некој албум на Ријана. Ова е првиот албум на Ријана со предупредувачки наслов, а за кој бил потребен родителски надзор. Сепак, во Велика Британија била издадена верзија без предупредуање за родителски надзор. Од своето издавање, албумот добил златно признание во Велика Британија и Австралија.

Во февруари 2009, Ријана била на листата на изведувачи на 51. Греми награди, но нејзиниот настап бил одложен. Таа беила натепана од страна на нејзиниот поранешен приватен партнер, Р&Б изведувачот Крис Браун кој бил притворен поради тоа и осуден. Фотографија од Ријана по овој немил настан излегла во сите списанија и на сите интернет-страници преку TMZ.com. Подоцна во 2009 година, таа се вратила на музичата сцена со песната „Run This Town“, која ја извела со хип хоп изведувачите Џеј-Зи и Кејни Вест. Песната станала доста успешна во Северна Америка и Европа. По оваа песна, таа продолжила со снимањето на нови песни, односно со создавањето на нејзиниот нов албум Rated R. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Беломешеста блуна (Sula leucogaster plotus) како храни млади. Голем Корален Гребен, Австралија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Гезелнкирхен во 2004 г.
Гезелнкирхен во 2004 г.
На денешен ден…

Денес е 8 јули 2024 г.

Настани:

70 Римјаните го освојуваат и разрушуваат Ерусалим. Единствениот дел што останува од градот е само западниот ѕид на Соломоновиот храм, денес познат под името Ѕид на Плачот.
1497 Португалскиот морепловец Васко де Гама испловува од Лисабон на патувањето кое ќе му овозможи да го открие поморскиот пат кон Индија.
1997 Усвоен Законот за употреба на знамињата, со кој беше регулирана употребата на македонското државно знаме, а беше забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните установи.
2022 Во Нара извршен атентат врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе додека држел говор на митинг.

Родени:

1621 Жан де Лафонтенфранцуски поет и баснописец.
1809 Људевит Гајхрватски идеолог и водач на Илирското движење.
1819 Ватрослав Лисинскихрватски композитор.
1839 Џон Дејвисон Рокфелер — американски индустријалец и филантроп.
1877 Елин Пелин — бугарски писател.
1885 Ернст Блох — германски филозоф.
1891 Јозеф Хора — чешки поет.
1893 Фердинанд Цепелингермански генерал и конструктор на воздушните бродови.
1909 Петар Шегедин — хрватски писател.
1936 Габи Новак — хрватска пејачка.
1943 Илија Карајанов — македонски поет, есеист и критичар.
1948 Слободан Шнајдер — хрватски писател.
1951 Анџелика Хјустон — американска глумица, режисерка манекенка.
1958 Кевин Бејкон — американски глумец.
1961 Фикри Фејзули — член на ОНА.
1961 Енди Флечер — англиски електро-поп музичар.
1967 Клаус Чичерпремиер на Лихтенштајн.
1970 Бек — американски рок-музичар.
1972 Вјорел Молдован — романски фудбалер.
1977 Кристијан Абијати — италијански фудбалски голман.
1977 Паоло Тиралонго — италијански велосипедист.
1980 Роби Кин — ирски фудбалер.
1984 Марина Мијаковска — македонска поетеса.
1988 Џеси Сарџент — новозеландски велосипедист.
1990 Кевин Трап — германски фудбалер.
1991 Вирџил ван Дајк — холандски фудбалер.
1992 Никита Гусев - руски хокеар.
1992 Сон Хеунг-мин — корејски фудбалер.

Починале:

1153 Евгениј III — римски папа.
1623 Грегориј XV — римски папа.
1822 Перси Биш Шелианглиски писател.
1932 Александар Грин — руски писател.
1946 Александар Василевич Александров — руски и советски композитор.
1967 Вивиен Лиамериканска филмска и театарска глумица.
1994 Ким Ил Сунгкомунистичкиот водач на Северна Кореја.
1998 Душан Вукотиќ — југословенски аниматор.
2010 Крум Томовски — македонски академик, архитект и конзерватор.
2018 Теб Хантер — американски глумец.
2022 Шинзо Абе — јапонски политичар и двократен премиер, убиен со атентат на јавен политички собир.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич