Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.259 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Rated R — четвртиот студиски албум на бахамската Р&Б и поп пејачка Ријана, издаден на 20 ноември 2009. Првата песна од албумот е „Russian Roulette“, напишана е од страна на Не-Јо и самата Ријана. Песната била издадена на 20 октомври 2009. Албумот се има продадено во 181.442 примероци во првата седмица по неговото издавање во САД, што претставува најпродавана седмица на некој албум на Ријана. Ова е првиот албум на Ријана со предупредувачки наслов, а за кој бил потребен родителски надзор. Сепак, во Велика Британија била издадена верзија без предупредуање за родителски надзор. Од своето издавање, албумот добил златно признание во Велика Британија и Австралија.

Во февруари 2009, Ријана била на листата на изведувачи на 51. Греми награди, но нејзиниот настап бил одложен. Таа беила натепана од страна на нејзиниот поранешен приватен партнер, Р&Б изведувачот Крис Браун кој бил притворен поради тоа и осуден. Фотографија од Ријана по овој немил настан излегла во сите списанија и на сите интернет-страници преку TMZ.com. Подоцна во 2009 година, таа се вратила на музичата сцена со песната „Run This Town“, која ја извела со хип хоп изведувачите Џеј-Зи и Кејни Вест. Песната станала доста успешна во Северна Америка и Европа. По оваа песна, таа продолжила со снимањето на нови песни, односно со создавањето на нејзиниот нов албум Rated R. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Ларва на златновлакнеста совица (Acronicta auricoma) на влакнеста бреза (Betula pubescens), Естонија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Гезелнкирхен во 2004 г.
Гезелнкирхен во 2004 г.
На денешен ден…

Денес е 9 јули 2024 г.

Настани:

1816 Во Сан Мигел де Тукуман, денес во Аргентина, започнал со работа Тукуманскиот конгрес кој ја објавил независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина).
1873 Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.
1877 Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт.
1922 Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски глумец откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм - Џони Вајсмилер - станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди).
1960 Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал.
1997 Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени.

Родени:

1834 Јан Нерудачешки писател и публицист.
1850 Иван Вазов — бугарски поет.
1937 Дејвид Ворк Грифит — англиски сликар.
1938 Петар Башески — македонски поет.
1947 Мич Мичел — англиски тапанар, член на групата „Џими Хенрикс експириенс“ (The Jimmi Hendrix Experience).
1952 Димо Н. Димчев — македонски поет.
1956 Том Хенксамерикански глумец.
1959 Џим Кер — шкотски рок-пејач, член на групата „Симпл мајндс“.
1964 Кортни Лав — американска рок-пејачка.
1964 Џанлука Вијали — италијански фудбалер.
1966 Зоран Терзиќ — српски и југолсовенски одбојкар и тренер.
1967 Јордан Лечков — бугарски фудбалер.
1968 Паоло Ди Канјо — италијански фудбалер.
1974 Никола Ѓуричко — српски глумец.
1978 Сашка Димитровска — македонска глумица.
1981 Ристо Арнаудовски — македонски ракометар.
1985 Ешли Јанг — англиски фудбалер.
1990 Лукас Лима — бразилски фудбалер.
1990 Рафаел да Силва — бразилски фудбалер.

Починале:

1441 Јан ван Ајк — фламански сликар.
1746 Филип — шпански крал.
1850 Маргарет Фулер — американска новинарка.
1904 Славејко Арсов — македонски револуционер.
1913 Михаил Анагностакос — грчки офицер.
1934 Иван Хаџи Николов — македонски општественик и револуционер.
1942 Цветан Димовнароден херој на Македонија; убиен е од бугарските фашисти во Скопје во Обласната полициска управа.
1943 Иван Горан Ковачиќ — хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ.
1992 Ханс Ем — најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година.
2001 Бедри Халими — член на ОНА.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич