Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.201 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Сателитска снимка на Тенерифе
Сателитска снимка на Тенерифе

Тенерифе — најголемиот и најнаселен остров на седумте Канарски Острови. Со површина од 2.034,38 квадратни километри и 898.680 жители, опфаќа 43 % од вкупното население на Канарските Острови. Тенерифе е најголемиот и најнаселен остров во Макаронезија.

Островот го посетуваат пет милиони туристи секоја година, според кои податоци Тенерифе е најпосетуваниот остров на архипелагот. Островот е еден од најважните туристички дестинации во Шпанија и во светот. Тенерифе е домаќин на еден од најголемите карневали во светот, а карневалот во Санта Крус де Тенерифе работи за прогласување на настанот од страна на УНЕСКО како нематеријално културно наследство на светот. Во Тенерифе постојат два аеродроми: Северен и Јужен. Тенерифе претставува економски центар на архипелагот.

Главниот град на островот, Санта Крус де Тенерифе, исто така е седиште на островотскиот совет (cabildo insular). Градот е главен град на автономната заедница на Канарски Острови (заедно со Лас Палмас), делејќи ги владините институции како што се претседателството и министерствата. Во периодот помеѓу територијалната поделба на Шпанија и 1827 година, Санта Крус де Тенерифе бил единствениот главен град на Канарските Острови. Во 1927 година, Шпанија прогласила два главни градови на Канарските Острови, како што е и денес. Во Санта Крус се наоѓа современата сала „Аудиторио де Тенерифе“, архитектонски симбол на Канарските Острови.

На островот се наоѓа и Универзитетот на Ла Лагуна, основан во 1792 година во Сан Кристобал де Ла Лагуна. Овој универзитет е најстариот универзитет во Канарските Острови. Градот Ла Лагуна е вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и бил главен град на Канарските Острови пред да го замени Санта Крус во 1833 година. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Африкански савански слон (Loxodonta africana) во националниот парк „Кафуе“, Замбија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Гагаузи
Гагаузи
На денешен ден…

Денес е 3 јули 2024 г.

Настани:

321 Римскиот цар Константин I, првиот римски владетел со христијанска вера, ја прогласува неделата за ден за одмор и верски обреди.
1583 Рускиот цар Иван Грозни го убива, во настап на гнев, својот син и престолонаследник Димитриј.
1881 Под притисок на Велика Британија, Турција потпишува договор со Грција, со кој Грција ги добива Тесалија како и делови на Епир.
1900 Полета првиот дирижабл конструиран од Фердинанд Цепелин.
1908 Командантот на турскиот гарнизон во Ресен, Нијази-беј, со неговите единици излегол во илегала, со што започнала Младотурската револуција.
1944 Црвената армија го ослободила Минск, заробувајќи 100.000 германски војници.
1949 Во Скопје, во Македонскиот народен театар била изведена премиерата на операта „Продадената невеста“ од Беджих Сметана, а диригент бил Трајко Прокопиев.
1962 По 132 години поминати како француска колонија, Алжир се стекнал со независност.
1973 Во Хелсинки бил отворен министерскиот состанок за подготовка на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа (КЕБС).
1984 Завршил најголемиот штрајк во историјата на СР Германија, во кој учествувале 550.000 металски работници.
1995 Југославија станала европски кошаркарски првак.

Родени:

1421 Џовани ди Козимо де Медичи — италијански банкар.
1423 Луј XIфранцуски крал.
1883 Франц Кафкачешки писател.
1894 Зинаида Рајх — руска и советска глумица, сопруга на Сергеј Есенин и на Всеволд Меерхолд.
1900 Алесандро Блазети — италијански филмски режисер.
1902 Виторио де Сика — италијански филмски режисер и глумец.
1927 Кен Расел — англиски филмски режисер.
1934 Славка Арсова — македонски поет и писател за деца.
1935 Харисон Шмит — американски космонаут.
1939 Љубивое Ршумовиќ — српски поет.
1942 Најдо Георгиевски — македонски поет.
1948 Вади Садех — либанско-австралиски поет.
1949 Емилија Масларова — бугарски политичар.
1949 Костадинка Велковска — хрватска глумица.
1953 Драган Великиќ — српски писател.
1960 Винс Кларк — англиски електро-поп музичар.
1961 Чедомир Јаневски — македонски фудбалер и тренер.
1962 Том Крузамерикански глумец.
1968 Рамуш Харадинај — поранешен водач на ОВК и премиер на Косово.
1971 Џулијан Асанж — австралиски новинар и интернетски активист.
1980 Тарас Данко — украински борач.
1984 Николас Роуш — ирски велосипедист.
1987 Себастијан Фетел — германски возач на Формула 1.
1990 Фабио Ару — италијански велосипедист.
1991 Анастасија Пављученкова — руска тенисерка.
1996 Филип Кузмановски — македонски ракометар.

Починале:

683 Лав IIримски папа.
1918 Мехмед Vсултан на Отоманското Царство.
1969 Брајан Џонс — англиски музичар (поранешен член на рок-групата Ролинг стоунс).
1971 Џим Морисонамерикански музичар и поет, член и основач на рок-групата The Doors.
1977 Александар М. Волков — руски математичар и романсиер.
2001 Иван Сламниг — хрватски писател.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич